Парламентарните избори на Косово, кои се одржаа на 14 февруари оваа година, завршија со убедлива победа на левичарското „Движење за Самоопределување“ Vetevendosje (VV/ВВ). Освоија 47,85% од гласовите, што споредено со резултатот од претходните избори– 27,7%, претставува раст од 20%. Десноцентристичката партија ДПК (Демократска Партија на Косово), основана од Хашим Тачи, заостана со само 17,41%. Буржоаско-конзервативната партија ДЛК (Демократска Лига на Косово), којашто долги години беше на власт на Косово, освои само 13,08%. Друга десничарска партија, Алијансата за Иднина на Косово, предводена од поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај, заглави со само 7,43%. Социјал-демократската
...